Како што информира Дурмиши, за оваа мерка Владата најверојатно ќе дискутира на следната седница идната недела. Со мерката ќе бидат опфатени лебот, пекарски и млечни производи, овошје, зеленчук,…
„Оваа мерка ќе биде краткорочна и ќе биде во сила еден месец. Праксата на нејзиното донесување ќе продолжи за новогодишните и сите следни празници“, истакна министерот.
Законот за нефер трговски практики се очекува да стапи во сила кон крајот на овој месец и со тоа, рече министерот, дополнително треба да се намалат цените на производите.