Лицето е македонски државјанин и на прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување. При извршената контрола, во рачна торба на патникот биле пронајдени 8.800 евра, за кои лицето не поседувало никаков документ за потекло.
Согласно Законот за девизно работење, на патникот вратени му се 2.000 евра, износ што може да се изнесе без да се пријави, додека останатите 6.800 евра се задржани.
Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок, соопшти Царинската управа.