среда, 23 октомври 2024
Најголем воен пораз на тлото на Африка

Бунтовници во Мали по тешкиот пораз на вагнеровците позираа со украинското знаме

Киев пост доби фотографија од извори блиски до украинскиот сектор за одбрана и безбедност на која се прикажани туарешки бунтовници како позираат со украинското знаме набргу откако им нанесоа голем пораз на руските Вагнерови платеници во Мали.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Андриј Јусов, портпарол на Украинската одбранбена разузнавачка служба (ГУР), изјави дека „бунтовниците ги добиле потребните информации што овозможиле успешна воена операција против руските воени злосторници“. „Во моментов нема да зборуваме за детали, но ќе има повеќе“, најави тој.

Туарешките бунтовници од Постојаната стратешка рамка за мир, безбедност и развој (ЦСП-ПСД) претходно споделија фотографии и видеа од убиени и заробени вагнеровци и уништени воени возила. Конфронтацијата со Вагнер се случила минатиот четврток и петок во Тинзауатене, град во близина на границата на Мали со Алжир.

Неколку руски воени блогери објавија дека најмалку 20 вагнеровци биле убиени во заседа во близина на границата со Алжир. „Членови на Вагнер, кои се движеле во конвој со владините трупи, беа убиени во Мали… Некои беа заробени“, напиша истакнатиот руски воен блогер Семјон Пегов, кој го користи името Вор Гонзо.

Во текот на изминатите месеци, се појавија голем број видеа кои сугерираат дека Украинците ги прошириле своите операции против Русите и на други континенти. Така, во јуни беше објавено видео на кое се гледа дека украинските специјални сили работат со сириските бунтовници за да ги десеткуваат руските платеници во Сирија.

Во февруари се појави видео на кое се гледа како украински специјални сили испрашуваат заробени Вагнерови платеници во Република Судан. Заробените на видеото признаваат дека задача им била да одат во Судан и да ја соборат тамошната влада.

Рускиот медиум Раша тудеј објави дека украински разузнавачи „обучувале локални туарешки сепаратистички милитанти“. „Тие тајно донесоа најмалку две групи бунтовници во Украина за да ги научат како да користат беспилотни летала“, објави Раша тудеј.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ