сабота, 19 октомври 2024

Бухова од ДЗСИ: Политички реваншизам на Анкетната комисија за онкологија

Објавено на

часот

Сподели

„ДЗСИ нема никаква законска надлежност во делот на препишување на терапија, распоредување на терапија и контрола над начинот на кој се аплицира терапијата. Во прилог на ова говорат и законските надлежности на инспекторите од ДЗСИ, од каде е јасно дека инспекторатот не е органот кој е надлежен за преземање на активности и проверки во конкретниот случај. Дополнително во рамки на инспекторатот додека јас сум била директор немало никаква пријава и инспекторатот немал никакви сознанија за евентуални неправилности, за да реагира и ги проследи сознанијата до надлежните институции.

Според тоа предлог заклучоците се неиздржани и се одраз на политички реваншизам. Како здравствен работник јас ја подржувам работата како на анкетната комисија, така и на секој орган кој би придонел до расчистување на сите околности за овој случај, но не можам да останам нема на злоупотребата на овој процес за нелегитимно собирање политички поени и неоснована политичка дискредитација“, вели Бухова во своето јавно обраќање.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ