Единаесет од вкупно петнаесет епископи на бугарската митрополија биле агенти на поранешната Комунистичката државна безбедност, јавува бугарскиот портал Новините.
Единаесетте разоткриени митрополиски епископи соработувале со озлогласениот 6-ти директорат на државната безбедност, одделот што се борел против „политички диверзии“ за време на комунистичкиот режим во земјата.
Спротивно на гласините во медиумите, бугарскиот 97-годишен патријарх Максим не е меѓу агентите на поранешната Државна безбедност, според списокот поднесен од страна на таканаречената комисија за досиеја, специјален одбор за истрага на тајните досиеја на комунистичкиот режим.
Сепак, ова не е ништо ново. Актуелниот бугарски муфтија и поглаварот на католичката црква исто така соработувале со комунистичката државна безбедност. На црната листа на поранешни агенти и соработници се и претседателот во заминување Георги Прванов, поранешни уставни судии, членови на парламентот, истакнати поранешни и сегашни новинари, како и амбасадори и дипломати.