Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој нагласи дека единственото нешто што може да го промени ставот на БСП е спроведување на Договорот за пријателство меѓу Северна Македонија и Бугарија од 2017 година, што, според него, во оваа фаза не е случај.
Според Свиленски, свикувањето на Консултативниот совет за национална безбедност за односите со земјава е добра идеја и нема никаков проблем тој да се одржи, бидејќи колку повеќе информации се споделат, толку е подобро.
Изјавата на Свиленски доаѓа пред вечерашната средба на лидерите на партиите од бугарската владина коалиција на која главна тема ќе бидат односите со Северна Македонија.