вторник, 24 декември 2024

Бугарскиот парламент го отфрли ветото на претседателот Радев за испраќање оклопни возила во Украина

Бугарскиот парламент во петокот го отфрли ветото што претседателот Румен Радев го стави на Законот за ратификација на Договорот со Украина за испорака на оклопни возила.

Објавено на

часот

Сподели

ГЕРБ-СДС, НП-ДБ, Движење за права и слободи и Има таков народ гласаа „против“ ветото на одлуката за испраќање 100 воени транспортери.

Ветото го поддржаа пратениците на БСП и партијата Преродба, јавува Радио Бугарија.

Договорот меѓу Бугарија и Украина беше потпишан во Софија на 8 август 2023 година и во Киев на 13 ноември 2023 година.

Претседателот Радев на 4 декември на нова расправа во парламентот го врати Законот за потврдување на договорот со кој Бугаријана Украина бесплатно ѝ дава оклопни транспортери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ