Тие им порачаа на бугарските власти дека треба да се прифати вистината за бугарското учество во депортацијата и да се признае одговорноста.
Групата од Бугарија денеска исто така положи цвеќе и пред гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата Св. Спас во пресрет на 4 мај, денот на неговата смрт. Групата порача дека наместо омраза и меѓусебни обвинувања, треба да се градат мостови на пријателство и соработка.
Бугарскиот историчар Димитар Атанасов за ТВ Сител изјави дека се тука да го исполнат личниот морален долг и да им порачаат на бугарските институции да се прифати вистината и одговорноста. „Време е да се соочиме со историјата, и со грешките и со херојствата, и со големите успеси и неуспеси. Време е бугарските институции да ги признаат и неуспесите“, изјави Атанасов.