Новите правила главно ќе влијаат на рафинеријата Лукоил Нефтохим во мнозинска руска сопственост, западно од бугарскиот пристанишен град Бургас на Црно Море. Изземањето кое Брисел го одобри за увоз на руската нафта до сега не ја натера рафинеријата да се префрли на алтернативни добавувачи.
Забраната за увоз на сирова нафта од Русија ќе му оневозможи на Лукоил, а со тоа и на Кремљ, дополнителна добивка за финансирање на воените операции во Украина, кажа шефот на одборот за енергетика на бугарскиот парламент Дељан Добрев.
Руската нафтена компанија извести дека ќе ја преиспита својата стратегија во Бугарија поради сменетата деловна атмосфера, вклучувајќи потенцијална продажба на рафинеријата и бензинските пумпи во Бугарија. Рафинеријата на нафта, која работи од 1963 година, е најголемата во југоисточна Европа, а беше приватизирана во 1999 година.