„Европската Унија, која боледува до воена психоза, сака само да му се додвори на Вашингтон, на либералните медиуми и невладините организации со усвојувањето на новиот, овој пат целосно бесмислен пакет санкции, кој е само демонстративна одлука“, изјави Сијарто.
Одлуката, според него, ќе биде донесена поради „втората годишнина од почетокот на војната“ во Украина.
Тој ги предупреди европските функционери дека тој датум би требало да ги натера да поработат на што поскор прекин на огнот, но дека денес нема такви предлози.
Брисел разгледува 13-ти пакет санкции против Москва, кој би можел да стапи на сила на 24 февруари.
Унгарија од почетокот на војната во Украина се противи на санкции против руските енергенси и пружањето воена помош на Киев. Во март 2022 година парламентот на земјата донесе указ за забрана на испорака на оружје на Украина од територијата на Унгарија.
Унгарските функционери се едни од ретките европски функционери кои одржуваат контакт со руската страна, а Будимпешта често истакнува дека европските санкции всушност ѝ нанесуваат голема штета на европската економија.