недела, 22 декември 2024
Официјална средба во Охрид

Брза пруга по Коридорот 10 е наш приоритет, му кажал вицепремиерот Николоски на унгарскиот министер Лазар

Изградбата на брза пруга со која преку Македонија грчките пристаништа ќе бидат поврзани со Будимпешта и земјите од Централна Европа била главната тема на средбата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и  министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар што денеска се одржа во Охрид, во рамки на официјалната посета на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и делегација на унгарската влада.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е проект што ќе донесе големи придобивки за сите земји од регионот, ќе го зајакне економскиот развој и соработка меѓу земјите и ќе овозможи сигурен и брз транспорт на патници и производи. Го фаќаме последен чекор Македонија да се приклучи на напредните технолошки достигнувања во железницата во регионот и затоа овој проект е приоритетен, не само за нас туку за сите земји долж Коридор 10“, истакнал Николоски.

Тој на средбата, што се одржа во Охрид, ја потенцирал важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект бидејќи како што нагласи, брзата пруга е услов за економски развој и подобра комуникација за сите земји од регионот.

На средбата се разговарало и за искустава и практики што се применуваат во двете земји во различни сегменти на транспортот, градежништвото и инвестициите.

Министерот, исто така, информирал и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија. Тој изразил благодарност за економската поддршка од Унгарија кон нашата земја, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.

„Билатералните односи со Унгарија ни се на одлично ниво. Унгарија како дел од Европската Унија е стратегиски партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратегиските цели на земјата и во делот на политичките и во делот на економските развојни политики“, потенцирал Николоски по средбата.

Двајцата министри се согласиле за интензивирање на соработката и унапредување на политиките кои се однесуваат на регионалното поврзување, се вели во соопштението по средбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ