понеделник, 24 февруари 2025

Брнабиќ: Финансирањето од странство е проблем само ако целта е уривање на власта

Претседателката на собранието на Србија Ана Брнабиќ изјави дека не гледа проблем во финансирањето проекти од странство сè додека тоа е транспарентно и со јасни цели, но смета дека е проблем ако некој финансира смена на демократски избраната власт во Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Брнабиќ наведе дека логото на Американската агенција за меѓународен развој УСАИД е отстрането од страниците на парламентот на барање на една пратеничка група, но и затоа што повеќе нема обврска кон УСАИД тоа лого да остане на сајтот.

„Кога тие помогнаа во изработката на сајтот, тогаш логото стоеше, но не мора да стои за век и веков“, кажа Брнабиќ одговарајќи на новинарско прашање зошто знакот на УСАИД е отстранет од сајтот на собранието, колку пари УСАИД дал на невладиниот сектор додека таа била членка на НАЛЕД (Национална алијанса за локален економски развој) и каде оделе тие пари, имајќи предвид дека многу средства биле добиени и за водовод и за градинки, и дали тоа е криминално.

Брнабиќ истакна дека била еден од основачите на НАЛЕД, но дека никогаш не работела во таа организација, туку дека била членка на управниот одбор.

„Не се срамам туку се гордеам со тоа. Не гледам никаков проблем со финансирањето од странство сè додека тоа е транспарентно и додека резултатите и целите се јасни“, кажа таа.

Истакна и дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп навела колку пари влегле во Србија токму за дестабилизација и смена на претседателот Александар Вучиќ и демократски избраната власт.

„Значи, слушате во емисијата на Пирс Морган дека 400.000 долари некому била годишната плата во невладиниот сектор во Србија само за да работи на уривањето на Александар Вучиќ“, додаде Брнабиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ