Како што пренесуваат српските медиуми, во денешното издание на весникот „Политика“ таа изјави дека граѓаните очекуваат од своите претставници во Собранието да се борат за нивните интереси, наместо да користат свирки и труби.
„Многу се работи на дестабилизација. Доколку успееше, Србија би застанала – тоа е нивната цел. Но, вистинската ситуација е многу поинаква од она што го прикажуваат тајкунските медиуми и од она што се слуша од некои лидери на опозицијата“, додаде Брнабиќ.
Таа посочи дека секогаш има незадоволни луѓе и нагласи дека е легитимно да се протестира, но не е прифатливо да се оневозможува движењето на другите луѓе.
На прашањето за барањето на опозицијата за нејзино разрешување и гласање за недоверба во Владата, Брнабиќ изјави дека во ниту една сериозна земја никој не бара дискусија за овие точки ако не се сигурни дека барем се блиску до обезбедување кворум.