вторник, 22 октомври 2024

Британскиот премиер: На кралот Чарлс ракот му е откриен на време

На британскиот крал Чарлс Трети ракот му е дијагностициран на време и целата држава се надева дека целосно ќе оздрави, кажа денес премиерот Риши Сунак, додека на 75-годишниот монарх му стигнуваат пораки на поддршка од светските лидери.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бакингемската палата претходно соопшти дека Чарлс, кој на престолот е помалку од 18 месеци од смртта на својата мајка кралицата Елизабета Втора, боледува од рак и дека ќе ги одложи јавните ангажмани за да оди на лекување.

Како што пренесува Ројтерс, палатата соопшти дека монархот е „целосно позитивен“ и дека се радува на враќањето на своите должности штом за тоа се создадат услови.

Помладиот син на Чарлс, Хари, кој се оддалечи од кралското семејство, пристигна денес во Британија, а се очекува некои од должностите на монархот да преземе престолонаследникот принцот Вилијам.

Сунак кажа дека е шокиран и тажен поради веста за болеста на кралот.

„Нашите мисли се со него и неговото семејство. За среќа, ракот е дијагностициран рано“, кажа тој за Би-би-си.

Чарлс планира да продолжи голем дел од своите обврски, вклучувајќи ја неделната аудиенција со премиерот и бавењето со државните документи, а Сунак кажа дека е во редовен контакт со кралот.

„Тоа, нормално, ќе продолжи со вообичаеното темпо“, додаде британскиот премиер.

Британското кралско семејство обично ги држи медицинските прашања во тајност, но Бакингемската палата соопшти дека Чарлс решил да излезе во јавност поради тоа што е покровител на бројни добротворни организации поврзани со ракот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ