понеделник, 3 февруари 2025

Британскиот премиер ја отфрли можноста за враќање во ЕУ

Британскиот премиер Кир Стармер синоќа го пречека германскиот канцелар Олаф Шолц на разговори за трговијата меѓу Обединетото Кралство и Европската унија и трансатлантските односи по најавата на САД дека ќе воведат високи царини за увоз на странска стока.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Стармер ја отфрли можноста за повторно приклучување на европскиот блок, но рече дека сака да воспостави поблиски, подобри односи со ЕУ во областа на одбраната, енергијата и трговијата.

Коментирајќи ја одлуката на САД за воведување царини, германскиот канцелар Шолц рече дека светот не треба да се дели со нови трговски бариери бидејќи сите имаат корист од глобализацијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави воведување царина од 25 отсто за стоки од Мексико и Канада и 10 отсто за увозот од Кина.

„Глобализацијата, светската размена на стоки и услуги, се покажа како одлична, успешна приказна која донесе просперитет за сите нас – Обединетото Кралство и Германија, САД, но и на многу други делови од светот. Затоа е важно сега да не го делиме светот со разни царински бариери, туку да ја овозможиме оваа размена на стоки и услуги и во иднина“, рече Шолц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ