понеделник, 30 декември 2024

Бразилскиот претседател: Целта на БРИКС не е да ги предизвикува Г7 и САД

Објавено на

часот

Сподели

„Не сакаме да бидеме противтежа на организациите Г7 и Г20 или на Соединетите Држави“, кажа Лула во обраќањето во живо на социјалните мрежи од самитот на БРИКС во Јужноафриканската Република.

„Само сакаме да се организираме“, додаде тој.

Левичарскиот лидер повторно ја промовираше идејата за заедничка валута меѓу земјите членки на блокот, кажувајќи дека тој потег не би бил насочен кон маргинализирање на американскиот долар, туку кон поттикнување на трговијата меѓу земјите во развој во нивните сопствени валути.

Кажа дека поддржува придружување на други земји во БРИКС, која во моментов е сочинета од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, но под одредени услови, „за блокот да не стане вавилонска кула“.

„Сакаме БРИКС да биде мултилатерална институција, а не ексклузивен клуб“, кажа Лула додавајќи дека особено го поддржува членството на Аргентина во групата.

Според јужноафриканските власти, над 40 земји покажале интерес за придружување во БРИКС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ