понеделник, 30 декември 2024

Бразилски политичар за време на дебата удри друг кандидат со стол (ВИДЕО)

Еден од кандидатите за градоначалник на Сао Паоло, Бразил нападна друг кандидат со стол.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Жозе Луиз Датена и Пабло Марсал се расправаа, а потоа Датена замавна со стол кон својот противкандидат. Сè беше пренесувано во живо од ТВ Култура. Подоцна, Датена изјави за ТВ Култура дека го нападнал Марсал затоа што изнел стари наводи за сексуално вознемирување против него, а кои биле отфрлени пред неколку години.

„Дојде со случај кој беше архивиран, кој полицијата не го ни истражуваше бидејќи немаше докази. Нешто од пред 11 години што предизвика многу сериозна ситуација во моето семејство“, вели Датена. Иако беше исфрлен од дебатата, тој во вчерашната изјава инсистираше дека не се кае за своите постапки, пишува Си-ен-ен.

Марсал беше примен во болницата Сирио Либанес. Неговиот тим соопшти дека тој бил примен во болница со можна фрактура во пределот на градниот кош и дека има потешкотии со дишењето. Од болницата велат дека се здобил со повреди на градниот кош и зглобот, но дека нема поголеми компликации.

Марсал го спореди нападот со стол со обидот за убиство врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп во јули и прободувањето со нож на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро за време на изборите во 2018 година. Тој објави фотографии од нападот на Инстаграм со натпис: „Зошто сета оваа омраза?

Останатите кандидати Гилхерме Булос, Марина Хелена, Рикардо Нунес и Табата Амарал ја продолжија дебатата по нападот. ТВ Култура соопшти дека жали за инцидентот и ја продолжи дебатата во согласност со правилата откако другите кандидати се согласија.

Тимот на Марсал вети дека ќе преземе правни мерки.

„Пабло Марсал беше кукавички нападнат од Хозе Луиз Датена, кој го удри во ребрата со железна столица“, соопштија од тимот на Марсал, додавајќи дека е штета што дебатата продолжи без него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ