четврток, 25 јули 2024

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Бразил објави дека распоредува трупи долж својата граница со Венецуела откако венецуелската влада објави планови за вклучување на области под контрола на Гвајана во својата територија. Регионот Есекибо богат со нафта е според од 19-от век, кога Гвајана беше британска колонија.

Објавено на

часот

Сподели

Венецуела ги обнови своите барања за територијата откако пред неколку години беа откриени резерви на нафта и гас во морето. Тензиите растат од референдумот во неделата во Венецуела. Кажано е дека повеќе од 95 отсто од гласачите го поддржале владиното присвојување на Есекибо, пишува Би-би-си.

Венецуелскиот лидер Николас Мадуро од тогаш побара од државната нафтена компанија таму да издаде дозволи за експлоатација и предложи Националното собрание да усвои закон со кој тој регион би станал дел од Венецуела. Со таквите потези предизвика загриженост во целиот регион.

Додека трупите на Гвајана се во состојба на готовност, бразилската војска соопшти дека преместува уште војници во пограничниот град Боа Виста, главниот град на сојузната држава Рораима, но и дека преместува дополнителни воени возила. Меѓутоа, секој воен упад на Венецуела би бил логистички изолиран бидејќи венецуелските војници би морале да минат преку бразилска територија поради тешкиот терен на други места.

Според Франс прес, бразилската војска истакнала дека го јакне своето присуство во регионот во рамки на напорите „да се гарантира неповредливоста на територијата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ