Даблин ги избра возилата Грин машинс на Брако поради лесното управување, тивкиот режим на работа, издржливоста, ефикасноста и можноста да чистaт и тешко пристапни места, додека електричниот модел има вграден најмодерен систем за рециркулација на воздухот со кој максимално се намалуваат штетни честички и прашина при чистење на коловозите, пешачките и велосипедските патеки.
Од Брако сметаат дека е успех за државата тоа што македонски возила ќе бидат ангажирани за хигиената во Даблин, главниот град на Република Ирска, земја членка на ЕУ и една од земјите со најбрз економски раст во светот и во топ 5 земјите кога станува збор за бруто домашен производ по глава на жител.