Стручните лица од Брако за време на престојот во Бугарија, извршија обука на операторите за можностите кои ги пружа возилото, а кое е одлично за одржување хигиена во густо населеното Поморие, град во облик на полуостров во Црното Море, чија популација драстично расте во текот на летната туристичка сезона, кога се зголемува и потребата од одржување на јавната хигиена.
Современите и технички напредни возила за одржување на хигиената во урбани средини, Грин машинс, се повеќе се бараат во градовите на Балканот.
Претходно, Грин машинс учествуваше на саем за општински комунални услуги кој се одржа во бугарскиот град Албена, кадешто беше искажан голем интерес од општинските власти за возилата за чистење на Брако.