„По презентацијата на целата палета возила од линијата Грин нашинс, повеќе комунални претпријатија од Србија, Црна Гора и Косово покажаа интерес за овој тип на возила и беа задоволни со перформансите кои ги имаат и кои ги рангираат помеѓу најдобрите возила од овој тип во светот. Конференциите од овој тип се солидна платформа да се презентираат достапни технолошки и еколошки решенија како тие на Грин Машинс, со нула штетни емисии во воздухот“, истакнаa техничкиот директор Ангел Анѓушев и комерцијалниот директор Владимир Локвенец.
Високо софистицираните возила на Грин машинс ја одржуваат чистотата на многу светски метрополи и паметни градови во околу 60 земји од светот. Со континуираниот развој и иновативните решенија Грин машинс даваат постојан придонес во светските напори за постигнување нула штетни емисии во воздухот, велат од компанијата.
На конференцијата, организирана од Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ, беа присутни повеќе од 200 учесници и претставници на јавни комунални претпријатија од регионот.