Според пријавеното, пред околу четири месеци, додека била бремена, се запознала со сопружниците, кои ѝ понудиле финансиска помош откако ќе се породи. Таа се породила на 18 февруари, два дена потоа излегла од болница и била пречекана од сопружниците кои и предложиле да потпише изјава кај нотар за да може бебето неколку дена да остане кај нив. На 21 февруари таа го оставила бебето во нивниот дом и А..М. (39) ѝ дал пари, а кога за два дена побарала да си го земе бебето, тој не ѝ го дал со образложение дека ќе остане кај нив.
Денеска рано наутро полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода сопружниците. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.