На средбата во Стејт департмент на која присуствуваше и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, беа разменети мислења за актуелните состојби во Македонија, со акцент на состојбите во доменот на енергетиката и заложбите на Владата на Македонија за зголемување на обемот на инвестиции кои се очекува значително да ја забрзаат енергетската транзиција на земјата.
Една од клучните теми на состанокот во Вашингтон беше и борбата против корупцијата. Божиновска нагласи дека се затекнати состојби од новата Влада кои допрва треба да бидат предмет на истрага на домашните институции.
„Потребна е целосна поддршка, воспоставување на ефикасна соработка и помош на САД како наш стратешки партнер во борбата со корупцијата, особено во делот на енергетиката. Само со конкретни и решителни чекори како предуслов за целосно анулирање на криминалот, Македонија ќе се избори за енергетска безбедност и стабилен електроенергетскиот систем“, рече Божиновска, на средбата со Касанов.
Божиновска заедно со Меџити ја нагласија посветеноста на Владата за подорбување на животниот стандард на граѓаните, како и решителноста за драстично зголемување на инвестицииите во инфраструктурата и образованието.
Касанов изразил силна американска поддршка за Западен Балкан и ја повторил нивната посветеност да помогнат на патот кон членството во ЕУ.
Министерката Божиновска учествуваше на 9. издание на Годишната конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа, организирана од Глобалниот енергетски центар на Атлантскиот совет. Настанот се одржа денеска во Вашингтон, а на него присуствуваа истакнати лидери и носители на политики за решавање на клучните предизвици во енергетската безбедност, трансатлантската соработка и енергетската иднина на Европа, поддржано од САД.
Како еден од клучните говорници на конференцијата, министерката Божиновска, заедно со американски и европски претставници за енергетика, даде свој осврт на темите од значајност за секторот и енергетската безбедност во Европа. Учеството на министер од нашата држава на конференција од ваков калибар го потенцира активниот ангажман во унапредувањето на енергетската безбедност и негувањето на соработката со глобалните партнери.
„Конференцијата за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа е платформа за интеракција со клучните глобални енергетски лидери, а истовремено и можност за зајакнување на нашето влијание во регионалните енергетски дискусии. Со фокус на усогласување на енергетските политики на земјата со пошироките трансатлантски стратегии, преку зајакнување на партнерствата со американските и европските лидери и привлекување на потенцијални инвестиции, во пракса ја реализираме посветеноста на енергетската безбедност и одржливост, што всушност е и еден од приоритетите за кои потенцирав дека ќе се фокусираме како министерство. На овој начин и со активно вклучување ќе добиеме рамноправен статус и третман при обликувањето на политиките што се однесуваат на геополитичките предизвици кои влијаат на регионот“, изјави Божиновска.
Таа потенцираше дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно работи на зајакнување на партнерствата во меѓународните институции кои соработуваат со државата во полето на енергетиката, како што се Европската банка за реконструкција и развој и Европската инвестициска банка. Исто така, подвлече дека покрај економската соработка исто така важна е и размената на знаење и добри практики од соседството и поширокиот регион. Покрај ова, исто така изјави дека зелената транзиција не е пожелна, туку неопходна за Македонија и за целиот регион, и дека истата претставува заедничка иницијатива која има за фокус подобра иднина на целиот регион.
Овој етаблиран настан претставува можност за приказ на енергетските приоритети на нашата држава на глобалната сцена и инволвираност во дискусиите за енергетската политика, безбедноста на снабдувањето и закрепнувањето на енергетскиот сектор во време на економска криза. Додека регионот продолжува да навигира помеѓу сложените геополитички тензии и тековната енергетска транзиција, оваа конференција обезбедува платформа за Македонија дополнително да ги зацврсти партнерствата во обликувањето на енергетската иднина на Европа, соопшти министерството.