петок, 18 октомври 2024

Божиќна донаторска акција на Сивус

Објавено на

часот

Сподели

„Божиќ е време за подарување. Секоја година за време на новогодишните и божиќните празници на нашите клиенти, партнери, соработници и пријатели им испраќаме честитки и подароци. Годинава одлучивме да им даруваме во нивно име на оние на кои тоа им е попотребно”, вели Бранка Бугариска, маркетинг-менаџерка во „Сивус“.

Заедно со пријателите на компанијата, „Сивус“ организираше акција со која меѓусебната размена на подароци ја замени со донација на компјутери за децата од СОС Детското Село во Македонија. „Со оваа донација на децата им подаривме насмевки и радост, а на пријателите на ‘Сивус’ – честа да бидат чувари на тие детски насмевки”, додава Бугариска.

Донацијата се состои од 12 компјутери, за секоја од куќите во кои се сместени децата од СОС Детско Село.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ