Кошаркарите на Бостон Селтикс се прошетаа низ плејофот во источната конференција. Најпрво од Мајами загубија само еден меч, еднаш беа поразени и од Кливленд, а ниту еднаш од Индијана.
Синоќа Индијана повторно имаше предност, но финишот му припадна на Бостон кој на крајот славеше со 105-102.
Браун со 29 поени беше најефикасен, Тејтум имаше 26 поени и 13 скокови, во составот на Индијана Нембхард постигна 24 поени, имаше и 10 асистенции.
Бостон во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Далас и Милвоки. Тимот на Лука Дончиќ има водство од 3-0.