петок, 18 октомври 2024

Бостон е нов шампион и најтрофеен клуб во НБА (ВИДЕО)

Бостон со 106-88 го победи Далас, ја доби финалната серија со 4-1 со што ја освои рекордната 18. титула во НБА лигата.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот не беше неизвесен, во текот на вториот период Бостон се одлепи, на одморот замина со предност од 21 поен разлика и рутински го приврши мечот до крај за голема победа и големо славје.

Најдобар на теренот беше Тејтум со 31 поен и 11 асистенции, Браун постигна 21 поен. Најефикасен кај Далас беше Лука Дончиќ со 28 поени и 12 скокови.

МВП на финалната серија беше прогласен Џејлен Браун.

Со оваа титула Бостон изби на првото место како најтрофеен клуб во НБА. За нив ова беше 18. титула, втор е Лејкерс кој има 17.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ