недела, 2 февруари 2025

Бошњачкиот демократски сојуз реагира на посетата на Додик на Македонија

Додик ја посети Македонија за да ѝ „помогне“ во евроинтеграцискиот процес како што ѝ „помогна“ на Босна и Херцеговина, реагираат од Бошњачкиот демократски сојуз на посетата на Македонија, по повод одбележувањето на Свети Сава, од страна на Демократската партија на Србите во Македонија .

Објавено на

часот

Сподели

„Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ  во Владата на Македонија денес оствари средба со Милорад Додик во просториите на министерството, кој е на црната листа на САД поради неговите геноцидни политики и корупција.

Ова е огромен удар за угледот на нашата земја во меѓународната заедница со што се поставува прашањето дали оваа влада воопшто негува европски вредности во контекст на почитување на човековите права и слободи и цивилизациски вредности утврдени со меѓународните акти, врз основа на кои се осудени одредени лица, а со чија глорификација и говор на омраза, Додиќ направи и сè уште ја одржува својата  политичка кариера!

Ова сериозно ја доведува во прашање нашата стратегија за европска интеграција и меѓународните односи“, се наведува во соопштението на Бошњачкиот демократски сојуз.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ