Беше постигнат еден гол, но на мечот имаше повеќе добри шанси и на двете страни.
Клучниот момент се случи во 36. минута кога по одлично додавање од Шлотербек, Филкруг постигна гол за водство на Борусија Дортмунд кое значеше и победа од 1-0.
ПСЖ на почетокот од второто полувреме изврши фуриозна офанзива кон голот на домаќинот, а во 51. минута во една шанса двапати ја погодија стативата. Најпрво Мбапе биеше во десната, а потоа Хакими во левата.
До крајот на мечот и двата тима имаа можности, едните да се спасат од пораз, другите да слават поубедлива победа, но нов гол не падна.
Патникот во финалето ќе се решава на реваншот во Париз.