Поранешниот американски претседател Трамп сугерираше дека САД можеби нема да ги заштитат НАТО сојузниците кои не издвојуваат доволно за сопствената одбрана од потенцијална руска инвазија и дека ќе „ја охрабри“ Русија да ги нападне.
Во пресрет на состанокот на министрите за развој на ЕУ, запрашан да ја коментира изјавата на Трамп, Борел рече дека „НАТО не може да биде ‘а ла карт’ воен сојуз кој зависи од хуморот на американскиот претседател“, пренесува Ројтерс.
Зборувајќи за Агенцијата на ОН за помош на Палестина, Борел рече дека мора да биде во можност да продолжи да работи додека се истражува можната вмешаност на некои од нејзините 13.000 членови во нападот на Хамас на 7 октомври во јужен Израел.
„Никој друг не може да го прави тоа што го може УНРВА, обвинувањата треба да бидат проверени… да почекаме да се спроведе истрагата. Во меѓувреме луѓето мора да јадат, да одат на лекар“, рече Борел.