петок, 25 октомври 2024

Борел: Израел го користи гладувањето на населението во Газа како оружје во војната

Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека практиката на изгладнување на населението е осудена во Украина и дека истите зборови мора да се користат и во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Борел рече дека Израел „го користи гладот ​​како оружје за војна“ и ја обвини земјата за блокирање на копнените патишта, кои се најдобриот начин за испорака на храна за стотиците илјади Палестинци што се соочуваат со глад во Појасот Газа.

Борел синоќа пред Советот за безбедност на ОН изјави дека хуманитарната помош мора да се достави во Газа, каде што кризата е создадена од човечки фактор и нема природни катастрофи, поплави или земјотреси.

„Тоа е вештачка криза и кога бараме алтернативни начини да обезбедиме поддршка по море или воздух, мораме да го направиме тоа затоа што природните патишта за поддршка се затворени, всушност вештачки затворени, и гладувањето се користи како продолжена рака на војната“, рече Борел.

Тој рече дека таквата практика е осудена во Украина и дека истите зборови мора да се користат и во Газа.

Светската програма за храна вчера испорача храна во северниот дел на Газа за прв пат по 20 февруари, објавија Обединетите нации.

По проверката на израелскиот граничен премин Керем Шалом, шест камиони со хуманитарна помош влегле во Газа.

Хуманитарните организации со месеци се борат да достават помош во тоа изолирано подрачје, иако некои приватни конвои успеаја да достават храна.

Борел рече дека ЕУ ги чека резултатите од трите истраги за израелските наводи дека 12 вработени во агенцијата на ЕУ за палестински бегалци УНРВА учествувале во нападите на Хамас на 7 октомври 2023 година во јужен Израел.

Сепак, тој нагласи дека УНРВА постои само затоа што има палестински бегалци и ако исчезне, и натаму ќе има бегалци, рече тој.

„Всушност, единствениот начин УНРВА да исчезне е овие бегалци да станат државјани на палестинска држава што коегзистира со израелската држава“, заклучи високиот претставник на ЕУ.

Првиот чекор за да се постигне ова е Советот за безбедност на ОН едногласно да усвои резолуција за поддршка на решавање на конфликтот по моделот две држави и „дефинирање на општите принципи што можат да доведат до тој резултат“, рече тој.

Тој ја нагласи широката поддршка за ваквото решение. „Би било прекрасна можност да покажеме дека нашите принципи не се празни зборови“, рече Борел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ