понеделник, 30 декември 2024

Бомбашки напад во Анкара пред Дирекцијата за безбедност (ВИДЕО)

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека „двајца терористи, кои со мало возило дошле пред влезот на Генералната дирекција за безбедност во Анкара, извршиле бомбашки напад“.

Објавено на

часот

Сподели

Јерликаја во објава на социјалните мрежи соопшти дека двајца полицајци се полесно повредени.

„Околу 9 часот и 30 минути по локално време двајца терористи кои со мало возило дојдоа пред влезот на Генералната дирекција за безбедност на МВР извршија бомбашки напад. Еден од терористите се разнесе, а другиот е неутрализиран. При пукањето на отворено двајца наши полицајци се полесно повредени. На нашите херои им посакувам брзо закрепнување“, изјави турскиот министер.

Според Ал Џезира, се слушнале и пукотници.

Турскиот парламент денеска по летната пауза треба повторно да заседава, според Асошиејтед прес.

Други детали за инцидентот засега не се познати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ