петок, 18 октомври 2024

Болтон: Обвинението ќе му користи на Трамп, особено ако биде ослободен од обвиненијата

Објавено на

часот

Сподели

За време на гостувањето на Си-би-ес њуз, водителката Маргарет Бренан го праша Болтон, сегашен критичар на Трамп, дали смета дека обвинението против поранешниот претседател би можело да им помогне на демократите, доколку тој повторно биде републикански кандидат за претседател.

„Не се грижам јас дека (њујоршкиот обвинител) Алвин Браг ќе го ослаби Трамп. Јас се плашам дека тој ќе му помогне“, одговори Болтон.

„Затоа мислам дека исходот на процесот е толку значаен. Доколку судот утврди дека Трамп не е виновен или доколку целиот случај биде отфрлен затоа што не е доволно правно основан, тоа ќе му даде ветер во грб, тој ќе може да каже „ви кажав, тоа беше политички процес“. Тој така ќе биде ослободен“, изјави тој.

Болтон истакна дека последиците ќе биде многу поинакви доколку Трамп биде осуден.

„Доколку биде осуден, мислам дека тоа ќе има поинаков ефект. Можете да кажете дека тоа е одвратен случај кој вклучува лигави луѓе. Но ако биде осуден за кривично дело, мислам дека повеќето Американци не сакаат да имаат осуден криминалец за претседател“, кажа Болтон.

„Морам да признаам, следејќи ги реакциите на обвинението на Трамп, длабоко сум загрижен за иднината на Републиканската партија. Трамп е канцерот на таа партија. Точно е дека ни требаат неговите поддржувачи, тоа се луѓе кои главно имаат коректни ставови, кои Трамп за жал ги искриви“, кажа Болтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ