четврток, 12 декември 2024

Болест на член на судечкиот совет го одложи „Ласкарци“

Објавено на

часот

Сподели

Случајот се уште се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште требаше да се продолжи со сослушување на четвртиот вештак кој работел на супервештачењето, но утрово било добиено известување дека еден од членовите на судечкиот совет е на болничко лекување.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски. Случајот се води против шест лица. 

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ