Според наведеното, ќе се врши бојно гаѓање од страна на припадници на тетовската полиција и во тој реон ќе се слушаат детонации од гаѓањето.
„Ако граѓаните пронајдат одредени неексплодирани проектили, да не ги фаќаат и да не ги поместуваат, туку да ја пријават нивната локација на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во Центарот за управување со кризи“, се нагласува во соопштението.
Потоа, како што се додава, неексплодираните убојни средства ќе бидат безбедно пренесени и неутрализирани од страна на надлежните служби и институции.