петок, 18 октомври 2024
По повод 90 години од раѓањето на големиот уметник

„Бојата на музиката“, монографска, ретроспективна изложба на Ангел Петров

Објавено на

часот

Сподели

Настанот содржи и промоција на Мографија,  видео – презентација, односно, документарен филм за неговото 60 годишно творештво, а ќе бидат изложени и дел лични  предмети на уметникот, чие богато творештво остави исклучителен белег во современата македонска ликовна уметност.

Ангел Петров (1933-2020) , роден во Велес, ја имал привелегијата да се школува и да учи, во Средното уметничко училиште во Скопje, во класата на професорите Личеновски, Мартиновски, Коџоман и Борко Лазески...

Веќе во втората година, прогласен е и награден како најталентиран од генерацијата.

Образованието го продолжува во Белград,  во Академијата за применета уметност која ја завршува во 1962 година, во класата на професорот Винко Грдан .

Веќе во наредната 1963,  започнува самостојно да изложува за до денес да реализира  62 самостојни ликовни изложби од кои 30 во Македонија и 32 во странство , како и да учествува на  повеќе од 200 групни претставувања.

Член е на ДЛУМ од 1967. Негови дела се наоѓаат во многу музеи, галерии, приватни колекционери во земјава и странство. 

џд

Неговиот ликовен опус се состои од пет ликовни фази: пејзажи, актови , коњи, портрети, акварели, мртва природ , декорации и стара архитектура.

Работел масло, пастел, акварел, туш, акрилик и комбинирани техники.

За неговиот 60 годишен творечки опус има добиено многу награди и признанија: Прва награда за најдобра „мртва природа “ 1950,  Скопје во  Средно уметничко училиште од професорот Лазар Личеновски. Награда за животно дело”Гемиџии “2004  од Општинa Велес.

Повеќе награди за донаторство од Македонското друштво „Koчо Рацин”, Риека, Хрватска, додека 1980 e одликуван со Орден на трудот со сребрен венец.

                                                                                                Веле Митаноски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ