Според МВР, денеска околу 10.10 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода помеѓу патничко возило БМВ со скопски регистерски таблички, управувано од С.С. (58) од Ресен и велосипед управуван од малолетник, по што од ударот по инерција велосипедот удрил во Б.И.М. (37) кој буткал количка во која имало дете.
На велосипедистот и детето им е укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување.
Фото: 360 Степени