среда, 26 февруари 2025

Блумберг: Франција, Германија и Велика Британија се подготвени да испратат војници во Украина

Францускиот министер за финансии Ерик Ломбард рече дека очекува САД да им дадат поддршка на европските сили во одржувањето на мирот откако ќе се постигне прекин на огнот меѓу Украина и Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Говорејќи за телевизијата Блумберг во Кејп Таун, каде што присуствува на состанокот на министрите за финансии на Г-20, Ломбард рече дека Велика Британија, Германија, Франција и другите европски земји се подготвени да испратат сили за да го гарантираат спроведувањето на прекинот на огнот.

„Ако сакаме да се почитува прекинот на огнот, потребна ни е поддршката од САД“, рече тој утрово, додавајќи: „Верувам дека Американците се согласија на тоа“.

Претходно оваа недела, Ломбард отпатува за Вашингтон со францускиот претседател Емануел Макрон, каде што разговараа за ситуацијата во Украина и трговските односи со американските претставници, вклучително и претседателот Доналд Трамп и министерот за финансии Скот Бесент.

„Разговаравме за сите прашања – трговија, тарифи, нетарифни бариери“, рече Ломбард. „Се договоривме да ги продолжиме разговорите, што е чекор напред“.

Тој додаде дека тој и Бесент размениле броеви на мобилни телефони и дека повторно ќе се сретнат во април на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ