„Стручни екипи од комбинатот ги прават неопходните подготовки за почеток на операциите за враќање на мрежа и на Блок 1. Се очекува вечер и оваа постројка да биде ставена во функција. Двата блока на РЕК Битола изутрината испаднаа од мрежа заради проблем предизвикан во транфостаницата на АД МЕПСО која се наоѓа во непосредна близина на комбинатот. Потребите на потрошувачите за електрична енергија во моментов се задоволуваат од домашните капацитети на ЕСМ“, информираат од компанијата.
Проблем во трафостаницата на МЕПСО што се наоѓа во непосредна близина на РЕК Битола, рано утрово предизвика испад на Блок 1 и Блок 3 од електроенергетскиот систем.
„Случаи од ваков тип, птица да предизвика испад во напојувањето, се исклучително ретки но за жал не и невозможни“, рекоа од МЕПСО.
Заради сличен проблем во електропреносниот систем, во ноември 2021 година беше тешко оштетен трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола и постројката беше надвор од функција повеќе од една година.