петок, 18 октомври 2024

Битолското обвинителство го прими наодот за смртта на новороденчето

Објавено на

часот

Сподели

„Надлежен јавен обвинител го разгледа наодот, по што во текот на утрешниот ден ќе издаде Наредба до Институтот за судска медицина во Скопје за вешт наод со кој ќе се утврди евентуална причинско-последична поврзаност меѓу причината за смрт и породувањето. Надлежниот јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија за испитување на настанот и евентуална кривична одговорност“, соопштија од ОЈО Битола.

Оттаму потенцираат дека во оваа фаза од постапката, секое евентуално јавно изнесување  на доказите од страна на семејството на починатото новороденче нанесува штета и ја компромитира постапката.

„Сите страни се обврзани да ги почитуваат законските одредби за тајност на предистражната постапка“, велат од ОЈО Битола.

Директорот на Клиничка болница Битола, д-р Александар Обедниковски, во април годинава до Министерството за здравство поднесе неотповиклива оставка од морални причини поради смртта на новороденчето, како и поради смртта на шестгодишно девојче Јана.

                                                                                                                          Фото: Битолањуз.мк

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ