Во изјава за медиумите по увидот на новоизграденото основно училиште Визбегово во Општина Бутел, вицепремиерот Битиќи рече дека засега немаат такво барање и оти разговорале со Министерството за транспорт и врски.
„Тие немаат посериозни проблеми. Може да има исклучоци од превозниците кои што го немаат решено проблемот со сообраќајните дозволи, возачките дозволи и другата пропратна документација. Ако се појави ова како нужност, секогаш сме кажале дека сме спремни да излеземе во поддршка на кој било – дали е тоа во приватниот сектор, или јавниот сектор, сме помагале кога тоа е потребно. И во овој случај ако е нужно, велам, и повеќе го имаат тој проблем, секако сме спремни да разговараме, изјави Битиќи.
Асоцијаците на превозници во патниот сообраќај Макам-транс и Превозник денеска упатија допис со барање за овозможување приоритет за издавање на сите потребни документи на превозните трговски друштва до Министерство за внатрешни работи и допис за поддршка до Министерство за транспорт и врски, а поради стапувањето во сила на одредбите од Договорот од Преспа.
Како што истакнуваат, на професионалните возачи, работните активности им зависат токму од овие документи и затоа се обраќаат за помош и поддршка со цел избегнување на застојот во вршење на превозот на стока.