недела, 22 декември 2024

Битиќи: Над 75 проценти од граѓаните се за членство во ЕУ

Пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер Фатмир Битиќи праша кој е планот и алтернативата на Владата понатаму за интеграција на државава во Европската Унија по одлуката од Брисел за одвојување од Албанија „на европскиот пат“.

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција, Битиќи рече дека во сите анкети – над 75 проценти од граѓаните велат дека се за членство во ЕУ и дека политичарите имаат обврска да носат одлуки за да одговорат на нивното очекување.

„Владата треба да каже кој е нивниот план.  На власта беше да ги подобри условите како што ветуваше. И сегашната партија ВМРО-ДПМНЕ нема добиено повеќе од 25 отсто од вкупниот број граѓани на изборите. Легитимитетот на изборите не мора да значи дека се носат добри одлуки. Но, и да прифатиме дека е тоа така, нивно беше да ги сменат условите. Да го сменат и Францускиот предлог, да ја сменат и Преговарачката рамка, и да го вратат името. Очигледно гледаме сценарио во кое, за жал, продолжува стариот манипулативен приод на оваа гарнитура, да изманипулираме што можеме за избори, а после кога ќе ја добиеме власта ништо од тоа не важи“, рече Битиќи.

Додаде дека во седмицата што претстои изминуваат 100-те дена од формирањето на Владата и дека на следните пратенички прашања власта треба „да дојде со план каде ќе се движи Македонија во наредните години, кога е очигледно одвојувањето на европскиот пат од другите земји“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ