„Имам номинација од значителен дел од ограноците во СДСМ. Сега е во тек процес за консултации и тоа треба да заврши со конгресот. Јас имам кажано дека ако се бара консензуален кандидат како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда“, изјави Битиќи.
Од СДСМ за можен консензуален кандидат за претседател на државата се разговара со актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, а се споменува и доскорешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.