петок, 25 октомври 2024

Бислимовски: Парното би поскапело не повеќе од 60 денари по стан

Од 1 ноември, парното нема да поскапи повеќе од пет отсто, што значи дека зголемувањето на цената на парното греење би се движело до максимум од 50 до 60 денари на месечно ниво,  изјави вчера за ТВ Сител Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика.

Објавено на

часот

Сподели

„Анализите се при крај, готови се во најголем дел, во текот на утрешниот ден ќе имаме подготвителна седница, а конечната одлука ќе ја донесеме во вторник. Нема да има никакви ценовни шокови, ќе биде во рамките на нормалата. Ова е тешка одлука, зашто со оваа одлука треба да вратиме шест милиона евра, кои Владата ги даде како позајмица за купување на гас во 2022 година. Тој трошок е голем и прави притисок врз цената. Во консултација со Владата, тој долг ќе се врати на неколку рати, во период од неколку години. Мора да има квалитетна испорака на топлинска енергија“, посочи Бислимовски.

Тој вели дека минатата година успеале да ја поминат без ценовни шокови во услови на висока инфлација.

Тој потенцираше дека оваа цена ќе важи до крајот на грејната сезона, доколку нема драматично зголемување или намалување на цената на природниот гас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ