„Во Собранието имаме четири договори за стратешки инвестции од вкупно 850 mw за електрична и 100 mw за топлинска со што заедно со досегашните инвестиции кои се направени од приватниот сектор од 600mw од обновливи извори Македонија за помалку од една деценија ќе го удвои производството што е практично јакнење на енергетската независност“, оцени Бислимоски.
„Во време на енергетската криза нè спасуваше ТЕЦ Неготино и блокови во РЕК Битола што се стари 40 години, струја даваше и Те-То по насока од Влада за пониски цени. Неопходни ни се нови инвестиции за да ја обезбедиме енергетската независност. Со стратешките проекти на краток рок ефикасно ќе се реализираат проектите”, изјави Бислимоски.
Во однос на цената за топлинска енергија појасни дека во еден од анексите на договорите јасно стои дека цената за топлинска ќе е пресметана согласно методологијата на РКЕ.
„Цената на топланите во Скопје е 5,2 денари, а на овие когенеративни постројки 2,5 денари – и тоа ќе се рефлектира во пониски сметки”, истакна Бислимоски.