Пред членовите на собраниските комисии за економски прашања и финансирање и буџет, европските експерти и претставници, Бишев напомена дека Фискалниот совет ја оценува како добра Фискалната стратегија 2025 – 2029 година што ја усвои Собранието.
„Стартегијата е добра рамка за фискална консолидација и на тој план буџетските дефицити се намалуваат на четири проценти во 2025 година и на 2,8 отсто во 2029 година. Со оваа динамика, Фискалниот совет целосно се согласува и ја поддржува, а јавниот долг е од 62 отсто во 2026 година на 59,7, но моменталните податоци се дека фискалниот долг е веќе 60 проценти, без достасаните обврски. Во однос на ризиците, укажавме дека фискалниот капацитет на јавните приходи врз основа на даноци и придонеси е 32 – 33 отсто од БДП. Во најновата студија на ММФ само фискалниот капцитет базиран на даночни приходи е проценет на 22,24 проценти, а од друга страна буџетските расходи за наредните четири години се проектирани на ниво од 40 проценти од БДП и тука го гледаме најголемиот ризик за реализација на буџетската стратегија. Препорачавме да се зголеми ефикасноста и да се намалат јавните расходи, да се зголеми фискалната дисциплина особено кај јавните институции, државните претпријатија, локалната власт, реформа на пензискиот систем и воведување еколошко оданочување, како и конвергенција кон даночните системи со ЕУ“, нагласи Бишев.
На долг рок, според Фискаланиот совет, додаде, треба да се редуцираат буџетските дотации за пензии и да се сведат под 30 отсто зашто на долг рок над тој процент е неодржливо и го прави Буџетот ранлив.
„Ја поддржавме определбата на Владата изнесена во Фискалната стратегија јавните инвестиции во просек да изнесуваат пет отсто од БДП, а според Стратегијата за развој 2024 – 2044 што исто така ја усвои Собранието, тие се проектирани на 6,5 отсто од БДП со напомена дека ако во текот на годината средствата не се потрошат, не се пренаменуваат во тековни расходи, туку да останат за инфраструктура и инвестиции во наредната година или да се формира јавен фонд за инвестиции. Фискалниот совет препорачува да има квантификација на буџетските ефекти, односно на влијанието на предложените мерки и закони врз буџетските приходи, расходи и врз Стратегијата, да се отвори дебата за воведување уште едно фискално правило за јавните расходи, за нивниот раст во однос на номиналниот раст на БДП, како и да нема ревизии на фискланите приоритети пред изборните периоди“, подвлече Бишев.
Една од препораките на Фискалниот совет е и при предлагањето мерки и закони обврзно да има и фискална проценка за ефектите од нивното спроведување.
Бишев во обраќањето рече дека македоските фискални правила во целост ги исполнуваат критериумите на Светска банка: обезбедуваат долгорочна стабилност на јавните финансии и на фискалната политика, овозможуваат реакција во услови на еконосми шокови или при потреба од дополнителни инвестиции во инфраструктурни проекти и развој, а во добри времиња овозможуваат да се создадат фискални бафери за тешки времиња. Во македонската регулатива во најголем дел, додаде, се веќе се вклучени и новите фискални правила за независните финансиски институции на ЕУ, останува уште да заживеат во пракса.
Осврнувајќи се на релациите со релевантните државни институции, Бишев уакажа дека досега соработката на Фискалниот совет со нив главно се сведувала на вршења анализи и давања мислења или препораки откако буџетските или фискалните документи веќе биле усвојувани или доставувани до Собранието. Фискланиот совет не бил вклучен, рече, во подготовката на овие документи за да се искаже по макроекономските претпоставки или за потенцијалните ризици.
Бишев ја истакна потребата од кадровско јакнење и финансиската незваисност на Советот. Напомена дека е неопходно да се обезбедат довлно и стабилни средства на долг рок.
Презентацијата „Фискално управување во ЕУ и улогата на Фискалниот совет“ почна со воведни обраќања на претседателите на Комисијата за финансирање и буџет и на Комисијата за економски прашања, Сања Лукаревска и Бојан Стојаноски. Потоа свој осврт дадоа евроамбасадорот Михалис Рокас и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава Масимилиано Паолучи по што следуваа излагања и на експертите.
Како што беше предочено, независност, стабилно долгорочно планирање, транспарентност, отчетност и комуникација со јавноста, се само некои од основните карактерирстики што треба да ги имаат независните финансиски институции (НФИ) или фискалните совети.