петок, 18 октомври 2024

Бил Клинтон од Албанија ја повика Приштина да го смени односот кон српската заедница

Објавено на

часот

Сподели

На денешната церемонија во негова чест во Тирана, Клинтон ја повика владата на Косово да му покаже на светот како изгледа „инклузивна иднина“, што се однесува на правата на српското малцинство во четирите општини на северот на Косово.

„Ако размислите за овие четири града, далеку од која било модерна научна лабораторија во која се моделира однесувањето кое денес го придвижува светот, со нив управуваат луѓе кои повеќе сакаат доминација отколку соработка. Се надевам дека Албанија ќе може да му покаже на светот како изгледа инклузивна иднина“, кажа Клинтон.

На првиот ден од дводневната посета на Албанија, каде е на покана на албанскиот премиер Еди Рама, Клинтон кажа дека е уверен дека САД се посветени на слободата, силата и интегритетот на Албанија.

На церемонијата во негова чест, Клинтон кажа дека е многу возбуден поради приемот, наведувајќи дека „останал без текст“.

Рама го пофали Клинтон за улогата во завршувањето на војната на Косово во 199 година, истакнувајќи го неговиот говор од март таа година, во кој го најави нападот на НАТО.

Откако Клинтон денес пристигна во првата посета на Албанија, Рама на Фејсбук објави заедничка фотографија со поранешниот американски претседател кого го опиша како „доживотен пријател на албанската нација“.

Сопругата на Клинтон Хилари ја посети Албанија пред 11 години, кога беше шефица на американската дипломатија.

Клинтон беше претседател на Соединетите Американски Држави од 1993 до 2001 година и имаше клучна улога во НАТП бомбардирањето на СР Југославија во 1999, кое доведе до повлекување на српските сили од Косово. Силите на НАТО влегоа на Косово на 12 јуни 1999 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ