недела, 22 декември 2024

Безмалку 60 милиони денари дополнителна поддршка легна на сметките на скоро 2000 регистрирани земјоделци

Објавено на

часот

Сподели

Дополнителната помош се доделува на земјоделски стопанства кои се корисници на директните плаќања и имаат пријавени соодветни површини и животни од минимум 5 до максимум 50 хектари пријавена површина со поледелски култури со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал, од минимум 1 до максимум 5 хектари пријавена површина со градинарски култури, од минимум 1 до максимум 5 хектари пријавена површина со овошни насади, од минимум 1 до максимум 10 хектари пријавена површина со лозови насади, од минимум 10 до максимум 50 грла говеда, од минимум 101 до максимум 500 грла овци, од минимум 50 до максимум 150 грла кози, од минимум 6 до максимум 50 грла маторици и од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства.

„Поддршката во земјоделскиот сектор ги препознава земјоделците чија основна економска дејност е земјоделското производство како посебна категорија. За таа цел во законот за земјоделство и рурален развој како и програмата за финансиска поддршка во земјоделството оваа категорија на земјоделци добива право на 20 отсто дополнителна финансиска поддршка. За таа цел со оваа исплата се поддржани 1925 земјоделци за кои се одвоени 58,9 милиони денари“, вели директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ