Првото полувреме му припадна на Атлетико Мадрид кој со гол на Хуан Алварез од пенал поведе со 1-0.
Во првите 45 минути Реал Мадрид немаше шут во рамките од голот, но работите се променија во вториот дел.
Домаќинот тргна многу подобро, а тоа вроди со плод уште во 50. минута кога Мбапе даде гол за израмнување на 1-1.
До крајот на мечот Реал Мадрид беше подобар, создаде повеќе можности за гол, но не успеа да направи комплетен пресврт.