„Гејмификација: Современ начин за ангажирање на вработените и клиентите“ е темата на еден од семинарите. Ќе го води Крис Лиасидис, вонреден професор на Катедрата за бизнис администрација и економија, а ќе адресира прашања како што е гејмификација, како функционира и каде може да се користи. Овој семинар ги демистифицира стратегиите што ги прифаќаат бизнисите и корпорациите во нивните напори да растат со користење на Gamification. Со анализа на механизмите и методологијата и со студија на случаи каде гејмификацијата е имплементирана, ќе одговори зошто Gamification може да се користи во секој бизнис, без разлика кои се целите.
Семинарот на д-р Калиопи Мегари на тема „Позитивна невропсихологија: Апликации во типични и клинички услови“ ќе се осврне на позитивната невропсихологија во невропсихолошките истражувања и практиката да го промовира когнитивното здравје преку различни стратегии. Д-р Калиопи Мегари е академски директор на постдипломските студии по клиничка психологија и клинички супервизор на Катедрата за психологија, на Сити колеџ, Европскиот кампус на универзитетот Јорк.
Се покануваат сите ученици и студенти заинтересирани за бесплатно учество на Отворениот ден и кои сакаат дополнително да се информираат за академските програми и за можностите за студирање на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк да се пријават.
Комерцијален текст