сабота, 22 февруари 2025

Бесплатен разглед на Скопје и Битола за денешниот Светски ден на туристичките водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници денеска организира бесплатен разглед на Скопје и Битола.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје збирно место за заинтересираните граѓани е пред Меморијалната куќа на Мајка Тереза на улица „Македонија“ со почеток во 12 и 13 часот, додека во Битола почнува во 11 часот пред Музејот и 12 часот кај Саат кулата.

„Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје и Битола може да присуствуваат“, велат од Македонската асоцијација на туристички водичи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ